Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ЗЕГИН ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на производот БИО Ѓумбир во прав од 100 гр, поради утврдена надмината количина на пестицид од етилен оксид.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДЕМАКС НОВА ИНТ, од пазарот врши отповикување на сируп KIDZ OMEGA LIQID 200ml, поради мала промена во вискозитетот (густината) на производот и отежнато користење (потешко истекува од шишенцето).
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со експерти од Ветеринарниот тим за итни случаи на Европската комисија (ЕУВЕТ ), обучени за ефикасно справување при првична појава на болести кај животните во земјите членки на ЕУ и во трети земји, кои од 2 до 4 февруари ќе ја спроведат експертск...
Нов сет на мерки кои треба да помогнат во битката со африканската свинска чума донела Владата на вчерашната седница. Фокусот на новите активности во периодот кој следи е ставен на намалување на бројот на диви свињи во ловиш...
Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека Бирото за здравствена инспекција и карантин на растенијата и животните од Тајван, од 10 јануари годинава, воведе дополнителни биосигурносни мерки за заштита од внесување на тропски болести.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ја демантира и осудува изјавата на претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, дека  ветеринарните власти не презеле никакви мерки за заштита од вирусот на африканска свинска чума во изминативе години и во опасност го довеле опстанокот на свињарството во земјава.
По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег немаме ниту една жива свиња.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес имаше работна посета на Општина Делчево при што заедно со градоначалникот Горан Трајковски направија увид и контрола врз досега преземените мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканска свинска чума и ги дефинираа идните активности во кои активно се вклучени Локалната самоуправа и ЈКП „Брегалница“.
Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.