Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

АХВ најостро ги демантира изнесените ставови на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 - то Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави. 
Скоро половина од 566 претставки колку што минатата година биле поднесени до Одделението за заштита на потрошувачите се електронски. Според  статистичката евиденција која ја води Агенцијата за храна и ветеринарство, од година во година расте овој тренд, односно место писмено, усно или телефонски, граѓаните и правните лица, претставките до АХВ ги поднесуваат преку електронска пошта.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во својство на делегат, од 21 до 25 мај во Париз, Франција, учествува на јубилејното 90 Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).
Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди ...
Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на  координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ - Bio Chocolate Chip peanut butter, поради присуство на недеклариран алерген млечен протеин...
По кој знае кој пат и вчера преку објавен ФБ статус, Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ се обиде да ја изманипулира и заплаши јавноста дека во опасност е доведено здравјето на потрошувачите поради неспроведената јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза.
Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. По трагедијата во Пинтија со смртен исход кога куче нападна дете одговор за ова прашање побаравме од Агенцијата за храна. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, односно, со негативните резултати кои ги добивме од земените мостри од кланиците и извршените клинички прегледи, може да кажеме дека сега државава е слободна од болеста кај питомата популација свињи.