Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Со цел спречување евентуално труење со храна во услови на високи температури, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на целата територија на државава. Извршени се и вонредни 68 контроли во туристичките центри Охрид, Струга, Дојран и Преспа при тоа изречени се 11 парични казни и уништени се приближно 200 килограми храна, најголем дел замрзнато месо, риба, месни преработки и друг вид храна, вели во интервјуто за весникот ВЕЧЕР, директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Труењата со храна се акутни патолошки состојби предизвикани од консумација на производи загадени со бактерии, токсини, вируси, паразити, но, само кога станува збор за два поврзани случаја - со ист вид храна и/или со храна од исто место. Во текот на летото, кога времето е топло и луѓето најчесто се хранат надвор, бидејќи голема е веројатноста да се на кампувања, излети и летувања, се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат со храната.
Каква е состојбата со болеста африканска чума кај свињите во земјава, кои мерки се преземаат за да се спречи појавата и ширењето на болеста, ги задоволуваме ли моментално потребите од свежо свинско месо од домашно производство?
Да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната преку социјалните мрежи и преку веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите може да бидат и небезбедни, без оглед дали се работи за производи од домашно производство или од увоз.
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денес и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија  во Европската унија (ЕУ).

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат следните небе

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат производите Napalm Pre-contest pumped 350 gr Dragon fruit и Napalm Pre-contest pumped 350 gr Mango Lemon, поради присуство на недозволена новел состојка алфа GPC.
Со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури најавени неделава се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини храна и вода за пиење.
Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат  и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии. паразити, габички и други.
АХВ денес, во Охрид, ја одржа последната работилница од едукативниот проект за превенирање на ризици и инциденти во предучилишните установи кои се поврзани со небезбедна храна.