
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) др Оливер Миланов, денес во Белград, Република Србија, учествува на првиот состанок на проектот „Контрола на Aфриканска чума кај свињите: од теорија до пракса“, чиј носител е Националната референтна лабораторија Istituto Zooprofilattico Sperimentale dell'Umbria e delle Marche (IZSUM) од Италија и Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Во проектот кој ќе трае 36 месеци (завршува во јули 2027 година), покрај нашата држава, вклучени се и Република Србија, Грузија, Ерменија и Казахстан.

На состанокот презентирани беа активностите кои ќе се реализираат во рамки на овој проект од страна на земјите учеснички, а кои непосредно се однесуваат на справување со болеста африканска чума кај свињите за што покрај претставници од земјите учеснички во проектот, претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство имаше исцрпна презентација за македонското искуство во справувањето со болеста.