Целосно усогласување на македонското законодавство со европското со цел непречен увоз на прехранбени производи од земјите членки на Европската унија и зголемен извоз на прехранбени производи произведени од нашите домашни компании, како основа за развој на македонската економија.
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решенија за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози), производи и нус производи од животинско потекло од регионот Тулчеа/Tulcea во Република Романија и регионот Трикала/Trikala во Република Грција.
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од месо.
Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спроведоа вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри Дојран,Охрид,Струга и Преспа.
Oвозможување на поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и сопствениците на домашни миленици во рамки на реализирањето на активностите согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните и , унапредување на соработката и размена на
Како дел од многубројните настани кои се организираат со цел одбележување на Светскот ден против беснило- 28 септември, на глобално ниво, Регионалното претставништво на ОИЕ за Европа организира вебинар
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на АЛПРО БИО КОКОСОВ НАПИТОК од 1L, поради утврдено присуство на етилен оксид.
Постапката за формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните согласно Соопштението, се става во мирување до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скоп...