Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи како перелив и Најлепше жеље кукис ноисет

19.09.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради  можност за присуство на  надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:

– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок  на траење 11.05.2025 
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. 

 

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. 

АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови  на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.
 

Ознаки
Категорија