
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов денеска изјави дека ќе инстистира да се донесат измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните, а фокусот ќе биде ставен на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, како еден од главните фактори за настанување на бездомни кучиња.
АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците
Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем
Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата на пестицидите, на ветеринарно -медицинските препарати, вклучително и на антибиотиците во ветеринарната медицина, како и нивната примена во хуманата медицина се прашања кон кои попосветено треба да се посветиме и во идниот период.