МЗШВ и АХВ со реновирани работни простории и во ПЕ Битола
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес ги посетија реновираните простории на подрачните единици на Министерството и Агенцијата и Градскиот пазар во Битола каде финишира реконструкцијата.