Обуката е една од подготвителните активности за успешна подготовка за билатералниот скрининг и преговорите на земјава за членство во ЕУ и таа е вистинска прилика во насока на успешна подготовка.
Како држава процесот на евроинтеграции трае и подолго од очекуваното, веќе 2 децении, иако во изминатите години Европската Комисија повеќепати даваше препораки за отпочнување на преговорите за Република Северна Македонија, но, за жал, заради одредени фактори со соседните земји, истите се одложуваа. Дадена ни е шанса да го финализираме процесот кон полноправно членство во ЕУ. Затоа потребно е да вложиме нови напори, имајќи предвид дека од ефикасноста и административниот капацитет на институциите, пристапот кон процесот, сериозноста во обврските и начинот на кој ќе го преставиме напредокот во Поглавјето 12, ќе зависи дали Европската Комисија и последователно Советот на ЕУ ќе дадат позитивно мислење за отпочнување на преговорите
– истакна Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство на денешната обука за процесот на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ за Поглавјето 12 која се одржа во Клубот на пратеници.
Обуката е една од подготвителните активности за успешна подготовка за билатералниот скрининг и преговорите на земјава за членство во ЕУ и таа, додаде Бабовски, во обраќањето, е вистинска прилика во насока на успешна подготовка. Претставниците од Србија и Црна Гора, со нивното последно искуство во преговорите, како што рече тој, се релевантен пример за споделување на поголем дел од искуството во патот кој досега го изодеа, а, кој нам нѝ претстои.
-Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, има одредени специфики во споредба со другите преговарачки поглавја. Едно од најобемните, со голем корпус на законодавство, на области кои треба добро да се координираат за да се добие очекуваниот резултат.
Билатералните состаноци со Европската Комисија за Поглавјето 12, се закажани за ноември 2023, иако, на изглед далечно, периодот за подготовка е краток. Неопходно е да се работи систематски и координирано. На тие состаноци, треба да се прикажеме најдобро светло, а дел од вас, како претставници на надлежни институции ќе го понесат најтешкиот товар во овој процес - заклучи Бабовски.
Тој се заблагодари за организацијата на Секретаријатот за Европски Прашања при Владата на Република Северна Македонија, на NIRAS како и на Европската Комисија за поддршката без која не би се одржале серијата обуки за сите преговарачки поглавја.