Одржан подготвителен состанок за аудитот на ЕК за условите за извоз на консуми јајца пазарот на ЕУ
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, со претставници од надлежните сектори во Агенцијата, во Стопанската комора на Северна Македонија, одржа подготвителен состанок со членки на Групацијата за живинарство при Комората кои се одобрени за извоз на консуми јајца во Европската унија.