Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ во соработка со другите органи работи на расветлување на случајот со починатото дете по напад од кучиња

12.04.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изразува длабоко жалење за трагичниот настан во кој вчера, по напад од куче, почина осумгодишно дете од скопската населба Пинтија. АХВ е во комуникација со  надлежните од Министерството за внатрешни работи (МВР), а надлежен официјален ветеринар го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот, по што ќе бидат преземени сите мерки согласно законските овластувања и надлежности на Агенцијата.


 
Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан  учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак ,,Пази куче,,

- вели директорот на АХВ Николче Бабовски.
 

Со контролата се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн. Согласно законот, надлежниот инспектор - официјален ветеринар дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста Беснило (набљудување -опсервација) од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена, со 3 клинички прегледи, објаснува Бабовски, а по завршување на опсервацијата докторот по ветеринарна медицина издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста Беснило.

 

По завршување на надзорот на беснило ќе се спроведе тест за социјализација на кучињата од страна на лица кои имаат овластување од Агенцијата за храна и ветеринарство. Потоа ќе се утврдуваат мерките во зависност од констатираната фактичка состојба – додава тој. 

 

Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. За сите понатамошни дејства кои ќе произлезат по основ на овој случај, согласно надлежностите АХВ навремено ќе информира.

 

Ознаки
Категорија