Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Доколку граѓанин го касне или изгребе куче или мачка, веднаш треба да се јави во најблиската здравствена установа за лекување на повредите. Ако животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето.
Денес, во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше извршено примопредавање на должноста директор. Нов вршител на должноста директор на АХВ е Николче Бабовски.
Со поддршка на проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во земјата“, Агенцијата за храна и ветеринарство воспостави оперативна Национална структура на Кодекс алиментариус (збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите).
Агенцијата за храна и ветеринарство, годинава и покрај пандемијата со КОВИД 19 вирусот, успешно ги реализираше сите клучни програми за системите за безбедноста на храната и за здравствената заштита на животните.
На барање на Европската Комисија,  а согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) изврши ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска Унија за резидуи од активната супстанца на пестицидот киноксифен. 
Спречувањето на создавање отпад од храна е приоритет кој е дефиниран во акциониот план на Европската унија за циркуларна економија и е усвоен од страна на Европската комисија во декември 2015 година.
Aгенцијата за храна и ветеринарство зема активно учество и го поддржа проектот  „ Дали личиме на ЕУ? - Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Република Северна Македонија“, кое го релизира Здружението за промоција и унапредување на културните вредности КОНФИДЕНС од Скопје во соработка со продукцијата Балкон3.
Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Меѓународната федерација на индустријата за добиточна храна (International Feed Industry Federation - IFIF) објави Прирачник на тема „Добри практики во секторот добиточна храна“ – Имплементирање на Кодексот на практика на Кодекс Алиментариус за добри практики во исхраната на животни.
Во услови на пандемија со КОВИД 19 вирусот и максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума во нашата земја, кога во селските домаќинста интензивно се извршуваат активности на колење на свињи, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира оваа активност да се изврши крајно внимателно. Максимално да се почитуваат препораките за заштита од КОВИД 19 вирусот како и на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.
Дваесеттина вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство и во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19, денес ја покажаа хуманоста на дело и се приклучија на крводарителската акција која се одржа во Агенцијата. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузициона медицина.