Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува и понатаму со напредокот на патот за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. За остварениот напредок и во текот на 2020 година Агенцијата доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија. Напредокот е забележан во бројни области во надлежност на Агенцијата. Како што е истакнато и во самиот Извештај на Европската комисија за 2020 година, објавен на 6ти октомври 2020, земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а посебно се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето висок степен на здравствената заштита на животните, согласно високите ЕУ стандарди и барања, што преставува и една од стратешките цели на Агенцијата. 
Во рамки на редовната комуникација со бизнис операторите, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оствари работна средба со  менаџментот и претставници на фабриката за кондиторски производи ,,ЛИОН" од  Свети Николе.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на обуки за пренесување на знаењата и искуствата стекнати на меѓународни обуки за 2020 година
Агенцијата за храна и ветеринарство денес, до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ го достави Досието со кое кај оваа светски реномирана  организација официјално аплицираше за добивање на статус на Република Северна Македонија за земја слободна од болеста  класична свинска чума, една година по донесувањето на решението со кое се прекина превентивната вакцинацијата на свињите против оваа болест.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги избра експертите во научните панели на Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност н храната.
И покрај ограничувањата во патувањето и средбите лице в лице заради глобалната пандемија КОВИД-19, ФАО продолжи да ги здружува партнерите преку Интернет, за да разговараат за Африканската свинска чума  - смртоноснo, вирусно, прекугранично заболување кај домашните и дивите свињи, против кое нема вакцина. Фокусот на состанокот кој се одржа вчера беше ставен на дивите свињи, ловот и ловната биосигурност.
Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, беше дел од 16 манифестација „Денови на македонскиот мед“, која традиционално се одржува во центарот на Скопје. Манифестацијата ја отворија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. 
Од 2021 година вакцинацијата против болеста син јазик кај овците, козите и говедата ќе биде задолжителна,  на трошок на одгледувачите, и ќе претставува услов за добивање субвенциии. Бруцелозата е ставена под контрола, а чума кај малите преживари нема поради што земјава и официјално достави барање за добивање меѓународно признат статус „слободна“ од оваа болест.
Парични и затворски казни се предвидени за сопствениците кои несоодветно ги третираат коњите, ги измачуваат и ги оптоваруваат повеќе од она што физиолошки можат да издржат