Еден од клучните елементи за зајакнување на капацитетот на една земја за надзор и следење на антимикробната отпорност (АМО) и употребата на антибиотици во храната и земјоделството е преку обезбедување стандардизиран пристап за собирање, анализа, толкување и споделување податоци. Во последниве години, различни иницијативи ширум светот се фокусираа и го поддржаа генерирањето податоци за надзор на АМО од секторите храна и земјоделство. Сепак, собраните податоци најчесто не се анализираат или не се користат како основа за донесување одлуки. Главните причини за ова се недостатокот на соодветни системи за управување со податоци, јасна дефиниција на улогите и одговорностите во известувањето за податоците или недостатокот на обучени експерти способни да вршат анализа и толкување.
По усвојувањето на Акцискиот план на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) за антимикробна отпорност 2021-2025 година на 166-та сесија на Советот на ФАО, Организацијата се обврза да развие основа што ќе ги стимулира националните напори за редовно генерирање и анализа на сигурни и споредливи податоци за антимикробната отпорност во храната. За таа цел, на почетокот на 2022 година ФАО започна да развива прототип за ИТ платформа за следење на антимикробната отпорност (InFARM). Платформата ќе се развива со одредена група на земји, кои ќе учествуваат во развојот и тестирањето на прототипот на оваа платформа во текот на 2022. Земјите ќе бидат вклучени во пилот тестирање со сопствените податоци.
Повеќе информации се достапни на следниот линк: