Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Организацијата за храна и земјоделство објави документ во кој се обезбедува преглед на различните проблеми со безбедноста на храната што можат да бидат поврзани со инсектите кои се употребуваат за исхрана на луѓето.
Организацијата за храна и земјоделство објави документ во кој се обезбедува преглед на различните проблеми со безбедноста на храната што можат да бидат поврзани со инсектите кои се употребуваат за исхрана на луѓето.
Владата на Република Северна Македонија ја донесе Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025, документ кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство. Во него се отцртани правците на развој на националниот систем за безбедност на храна во наредниот петгодишен период, со основна цел овозможување на соодветно и навремено ефективно справување со сите предизвици од областа на безбедноста на храната и храната за животни. 
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство продолжуваат со спроведување на вонредни контроли во магацините на сите увозници на сусам, по добиените нотификации од Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија - (Rapid Alert System for Food and Feed), дека ваков небезбеден производ по потекло од Индија е увезен и во земјава.
Замрзнат зеленчуков микс “Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија (отворете за повеќе информации)
Агенцијата за храна и ветеринарство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2021 за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните
Водата се намалува како ресурс ширум светот. На Светскиот ден на водата 2021 година, објавен е Светскиот извештај за развој на вода на ООН 2021 насловен „Вреднување на водата“.
Во рамки на засилените контроли во трговијата со млечни производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на пазарот најдоа нови количини небезбеден путер, деклариран како Битолски путер Гурман (Bitolski Puter Gurman), во пакување од 0,5 до 1 килограм. Станува збор за производ произведен и пакуван во објект кој не е одобрен од Агенција за храна и ветеринарство, без надзор и инспекциска контрола и без идентификациска ознака.
Путер со ознака „Bitolski Puter Gurman" во пакување од 0,5 до 1кг (отворете за повеќе информации)
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и Европска Агенција за хемикалии (ECHA) објавија јавен повик за развој на Упатство за влијанието на третманот на водата врз резидуите од пестициди и биоциди што можат да бидат присутни во природната вода наменета за производство на вода за пиење.