Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но, мора да се почитуваат дефинираните услови

28.04.2023
Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но, мора да се почитуваат дефинираните услови

Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, односно, со негативните резултати кои ги добивме од земените мостри од кланиците и извршените клинички прегледи, може да кажеме дека сега државава е слободна од болеста кај питомата популација свињи.

 

 

“На територијата на цела држава ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми по точно дефинирани услови кои што  се пропишани со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите ”, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Тој нагласи дека и покрај тоа што е тргната забраната за одгледување свињи, сепак, вселувањето (репопулацијата) на свињите во одгледувалиштата ќе може да се врши само на фарми кои ги исполнуваат биосигурносните мерки и кои од страна на официјален ветеринар се категоризирани со низок или среден ризик. За да се врши репопулација, објасни Бабовски, одгледувачот треба да поднесе барање до надлежното ветеринарно друштво за одобрување за вселување на домашни свињи на фармата, а пред вселувањето фармата треба да биде исчистена и дезинфицирана од страна на ветеринарното друштво. Животните кои се вселуваат треба да потекнуваат од одгледувалишта со среден или низок ризик во однос на воспоставените биосигурносни мерки, а одгледувачите мора да поседуваат сертификат за здравствена заштита за секое животно.

Одгледувачите се должи сертификатот во рок од 24 часа да го достават до надлежното ветеринарно друштво, а тоа во рок од 48 часа овие податоци треба да ги внесе во Информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство. За спроведените мерки надлежното ветеринарно друштво треба да го информира официјалниот ветеринар кој ќе го одобри вселувањето на нови животни на фармите. Мора да бидеме внимателни бидејќи се работи за доста отпорен вирус и ако не ги почитуваме правилата можно е повторно да дојдеме во ситуација повеќе од една година да се бориме со африканската свинска чума, која може да предизвика огромно штети, нагласи Бабовски.

 

1

 

За жал, од почетокот на болеста во јануари до денес, одземени и нештетно уништени се 4216 свињи од 460 одгледувалишта на територијата на целата држава каде болеста беше појавена. Тој појасни дека до Агенцијата се пристигнати 493 барања за исплата на надомест за штета од скоро 44 милиони денари. Најголемиот дел се исплатени, а преостанатите сточари во најскоро време ќе добијат отштета. 

Во периодот кој следи мора да бидеме исклучително внимателни бидејќи станува збор за вирус кој е многу отпорен и кој ако не се почитуваат меките, пред се со неодговорно сопствеништво, повторно може да се доведеме во ситуација да се бориме со болеста. Таа во свињарството може да предизвика огромни штети, знаејќи дека земјава единствено не е зависна од увоз на свежо свинско месо – додаде тој.

Бабовски упати апел до одгледувачите да ги почитуваат мерките, а концесионерите да вршат редовно пребарување на теренот бидејќи дивата популација како што заклучи на прес конференцијата е резервоар на вирусот на болеста и кај нив може и во наредниов период да се појават позитивни случаи, но тоа никако не треба да ја загрози здравствената состојба кај питомата популација на свињи. Во наредниов период АХВ во соработка со МВР ќе спроведува редовни контроли и на превозните средства, и затоа оние кои ќе го вршат транспортот на животни мора да поседуваат соодветна документација, односно сертификати за  здравствената состојба на животните кои ги превезуваат.

Ознаки
Категорија