Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

На маргините на 88ма генерална сесија на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), се спроведоа затворени пленарни сесии на специјализираните комисии на OIE на кои беа избрани нови членови на неколку платформи.
Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја! – им порача на граѓаните директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во гостувањето во утринската емисија на ТВ Алфа Добро утро секое утро.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби официјално известување од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ дека Република Северна Македонија (РСМ) го доби статусот на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози), со што го исполнивме условот земјава од страна на Европската Комисија да биде одобрена за извоз, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи.
Најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните. За да се спречи појава на труење со хра...
Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни. 
Производи со поминат рок, артикли на чии декларации не пишува од каде потекнува и што содржи производот се само дел од недостатоците на македонскиот пазар. За првите пет месеци од годинава Агенцијата за храна и ветеринарството уништила речиси 70 тони храна која била небезбедна за потрошувачите.
Агенцијата за храна и ветеринарство, утре ќе се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 јуни  -  Светски ден на безбедна храна, кој во 2019 година за прв пат беше востановен од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - ФАО.
Додаток на исхрана - „QYRA Collagen drink“ во пакување од 25ml (отворете за повеќе информации)
Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“
Европската Агенција за безбедност на храна го објави едиторијалот на тема „Експертизата на ЕФСА ја подржува политиката на пристапот „Едно здравје“. Во едиторијалот ЕФСА ја нагласува за соработка помеѓу различните научни дисциплини.