Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ и EFSA одржаа трибина по повод Светскиот ден на безбедна храна

10.06.2025
АХВ и EFSA одржаа трибина по повод Светскиот ден на безбедна храна

Инспекциските контроли на храната од почетокот на годинава ја надминаа бројката од 12 000 само во внатрешниот промет. Како небезбедни, досега се уништени околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло. За утврдените недолесености се изречени 1 325 мерки од кои 260 парични казни и други казни како времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави, рече денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) д-р Оливер Миланов. Во обраќањето на трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната, Миланов напомена дека дополнителни контроли се вршат за секоја пратка која се увезува во земјава. 

– Од почетокот на годинава како небезбедни вратени се 10 пратки, најголемиот дел поради увоз од забранети региони/држави. Уништена е една пратка со храна од животинско потекло со тежина од 207 тони, а како небезбедни уништени се и околу 30 тони храна од неживотинско потекло, повеќе од половината небезбедна минерална вода од увоз, поради бактериолошка загаденост, недоволна јодираност на сол и утврдени остатоци од пестициди во зеленчук
  – потенцира диртекторот. 

Според него, во синџирот на безбедна храна, покрај науката, институциите и операторите, многу важна алка се и граѓаните кои често алармираат за недоследности. Најчесто наведени наводи поврзани со безбедноста на храната се непочитување на добрата хигиенска пракса (ДХП) и НАССР, продажба на производи со поминат рок на употреба, работа без одобрение, присуство на контаминенти во производ, сомнеж за труење со храна и продажба на производи со променети органолептички својства, измама на потрошувачи, како и сомнеж во квалитетот на производот. 

 

1

 

– Од почетокот на годинава досега преку Одделението за заштита на потрошувачите поднесени се повеќе од 360 иницијативи за вршење на инспекциски надзор. Како најчесто наведени наводи поврзани со безбедноста на храната се непочитување на ДХП и НАССР (36 иницијативи), продажба на производи со поминат рок на употреба (26), работа без одобрение (24), присуство на контаминенти во производ (17), сомнеж за труење со храна (16), продажба на производи со променети органолептички својства (16), измама на потрошувачи (14), сомнеж во квалитетот на производот (5)
– информира Миланов, додавајќи дека е постапено по најголемиот број од нив.

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила. Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR). 

 

2

 

АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари од Албанија каде, во областа Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар. Досега, информира директорот, во рамки на контролите што АХВ ги спроведува со полицијата, откриен е и шверц на живи животни. 

– Пред пет дена донесовме Решение за забрана за увоз од Албанија поради чума кај малите преживари. Алармирани се полицијата, армијата, сите ветеринарни друштва и официјалните ветеринари кои мора да бидат да бидат претпазлииви. Минатата година болеста ја имаше во Грција, за еден ден беа уништени околу 16 000 грла, но ние успеавме да не дозволиме да се појави кај нас
– потенцира директорот. Одговорајќи на новинарски прашања пред трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната, Миланов напомена дека АХВ се доекипира со инспектори. 
–  Во моментов имаме 186 инспектори. Во АХВ веќе завршија дел од огласите, но ќе имаме уште огласи до крајот на годината додека. Зацртан ни е бројот од уште 50-на инспектори
– информира Миланов. 

Во однос на храната што ја консумираме, тој уште еднаш нагласи дека е безбедна и најави засилени контроли поради летниот период, особено во туристичките места. 

 

3

 

– Никаде во светот и никој не може да гарантира дека јадеме безбедна храна. Граѓаните јадат безбедна храна, сега со зголемување на температурите зголемен е и бројот на туристи и на транзит, а Агенцијата покрај редовните, врши и вонредни надзори. Периодов акцент ќе биде ставен на туристичките места како Струга, Охрид, Преспа, Дојран,..
–  рече Миланов  

Во врска со поминатиот рок на производите, дополни, одговорност имаат, пред се, операторите со храна кои мора да ги почитуваат законските и подзаконските акти. -АХВ по дојава на граѓани, по редовни и вонредни контроли казнува и ја уништува храната со поминат рок, но операторите се должни таа роба заедно со официјален инспектор да ја однесат на соодветните депонии, истакна директорот на АХВ.

Барбара Галани, раководител на Секторот за комуникација и партнерство при Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА, како одлична ја оцени соработката со надлежните органи за безбеднсот на храната на Македонија. 

– Утре и задутре ќе ја одржиме завршната работилница на програмата за обука на EFSA „Проценка на ризик од А до Ш“, како дел од активностите за подигнување на капацитетноста на земјите аспиранти за влез вцо ЕУ во областа на хемиската и биолошката безбедност на храната, како и за  прашањаката кои се однесуваат на безбедноста на растенијата и здравствената заштита и благосостојбата на животните. Оваа иницијатива претставува значајна пресвртница во колективните напори за зајакнување на системите за безбедност на храната во земјите аспиранти за влез во Европската унија и значат поттикнување на долгорочни партнерства во насока на унапредување на институционалната подготвеност и зајакнување на капацитетот за управување со ризиците за безбедност на храната со поддршка на EFSA
– истакна Галани. 

Денешната трибина, организирана во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), се одржа во рамки на активностите на АХВ по повод одбележувањето на 7 Јуни, Светски ден на безбедна храна. Претставници од Европската агенција ја презентираа улогата и значењето на EFSA во системот за безбедност на храна во ЕУ и интеграцијата на земјите кориснички на ИПА. Претставници од АХВ зборуваа за улогата и значењето на АХВ во однос на безбеднста на хрнатата и храната за животни. На панел дикскусијата се дискутираше за нутритивните потреби и навиките во исхраната, како и за нутритивните и здравствените тврдења. 

– Потсетувам дека одговорност за безбедноста на храната имаат сите - од државата која ги креира политиките, создава услови и спроведува контроли до граѓаните како крајни потрошувачи. Не е важно само дали и што ќе јадеме, туку и колку храната на нашите трпези е безбедна
– потсети Миланов во обраќањето. 

Повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна, а за нивно лекување се трошат околу 15 милијарди долари. Од небезбедна храна луѓе и умираат, а нивниот број годишно се движи околу 420 000. Еден од десет луѓе се разболуваат од контаминирана храна секоја година, а повеќе од 200 болести се предизвикани од консумирање небезбедна храна со бактерии, вируси, паразити или хемиски супстанции како што се тешките метали. Овие бројки може да се спречат само кога безбедноста на храната е приоритет, подвлече директорот на АХВ. 

Како што беше нагласено на трибината, опасностите од небезбедна храна се реалност, тие не познаваат граници и се дел од големиот синџир на снабдување. 

 

4

 

Од локален проблем, во услови на интензивна глобална трговија, ризиците од небезбедната храна може брзо да прераснат до меѓународна вонредна состојба. За да се спречи ова подготвеноста е клучна пред да се случи неочекуваното. Науката ја дава основата за безбедност на храната, но спречувањето на болестите предизвикани од храна зависат од нашите правилни постапки кои треба да ги преземеме. Ова значи дека секоја од државите се повеќе треба да инвестира во истражување и поддршка на науката, во спроведување програми за идентификување потенцијални ризици од контаминација на храната, обезбедување безбедно ракување, дистрибуција и складирање на храната, како и воспоставување мерки и процедури за континуирана едукација и преквалификација на вработените за најновите безбедносни практики. Во овој контекст исклучително важна е и улогата на потрошувачите кои треба да внимаваат на безбедноста на храната исклучиво како информирани потрошувачи, за што академската јавност, но и институциите треба да вложуваат во едукација на граѓаните уште од најрана возраст, порачаа учесниците на трибината.

 

5

 

6

 

7


 

8
Ознаки
Категорија