По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар - прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко.
Казни во вредност од осум илјади триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето
Денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со владината делегација предводена од Премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, присуствуваше на отворањето на Регионалниот центар за згрижување на бездомни животни и ветеринарно здравство во општина Кавадарци “Шепа”.
Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднсот на храната и техничките услови во објектите.
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници.
Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.
Производи со поминат рок, артикли на чии декларации не пишува од каде потекнува и што содржи производот се само дел од недостатоците на македонскиот пазар. За првите пет месеци од годинава Агенцијата за храна и ветеринарството уништила речиси 70 тони храна која била небезбедна за потрошувачите.
Агенцијата за храна и ветеринарство, утре ќе се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедна храна, кој во 2019 година за прв пат беше востановен од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - ФАО.
Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“