Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Бабовски во Делчево: Се преземаат мерки за спречување на ширење на Африканска свинска чума

11.01.2022
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес имаше работна посета на Општина Делчево при што заедно со градоначалникот Горан Трајковски направија увид и контрола врз досега преземените мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканска свинска чума и ги дефинираа идните активности во кои активно се вклучени Локалната самоуправа и ЈКП „Брегалница“.

Потврден прв случај на Африканска свинска чума во земјава

08.01.2022
Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

03.01.2022
Стапи во сила Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика, потпишан во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Согласно Договорот, поедноставени се царинските постапки поради што е и олеснет транспортот на храна. 

Реализирани и надминати плановите за развој на земјоделството, безбедноста на храната и субвенционирањето на производството

29.12.2021
Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денеска одржаа работен состанок со новинарите од медиумите кои активно го следат земјоделскиот сектор.

АХВ одзеде и уништи 29 неидентификувани свињи

20.12.2021
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ),  во рамки на засилените контроли пред новогодишните празници кои се спроведуваат и на добиточните пазари и прометот со живи животни, со цел зајакнување на мерките за спречување на појава и ширење на болеста Африканска свинска чума кај свињите, викендов (сабота, 18.12.2021 година), во соработка со Министерство за внатрешни работи спроведе контрола на прометот на живи животни на добиточниот пазар во Струмица и во Куманов...
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA