Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Констатирано присуство на птичји грип, се утврдува патогеноста

17.02.2022
Најостро го осудуваме денешниот обид на политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање на мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство...

АХВ и црногорската Управа за безбедност на храна ќе потпишат меморандум за соработка

14.02.2022
Официјализирање на соработката и унапредување на активностите меѓу двете институции, на полето на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарството, но и размена на искуства, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и Владимир Џаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни прашања на Република Црна Гора, кој ја предводи делегацијата од оваа институција, која денес и утре ќе биде гостин на АХВ.

Отповикување на БИО Ѓумбир во прав, 100 гр

08.02.2022
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ЗЕГИН ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на производот БИО Ѓумбир во прав од 100 гр, поради утврдена надмината количина на пестицид од етилен оксид.

Отповикување на сируп KIDZ OMEGA LIQID 200ml – HealthAid Ltd

08.02.2022
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДЕМАКС НОВА ИНТ, од пазарот врши отповикување на сируп KIDZ OMEGA LIQID 200ml, поради мала промена во вискозитетот (густината) на производот и отежнато користење (потешко истекува од шишенцето).

Во справувањето со африканската чума кај свињите АХВ доби експертска поддршка од Европската комисија

02.02.2022
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со експерти од Ветеринарниот тим за итни случаи на Европската комисија (ЕУВЕТ ), обучени за ефикасно справување при првична појава на болести кај животните во земјите членки на ЕУ и во трети земји, кои од 2 до 4 февруари ќе ја спроведат експертск...
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA