Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Јовица Андовски оставри работна средба со првите луѓе на Ветеринарната комора, кои денес одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.
Јовица Андовски нов директор на АХВ
М-р Јовица Андовски, поранешен заменик министер за здравство ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство од неговиот претходник, Оливер Миланов. Клучните насоки и стратегиски приоритети на Андоновски се во насока на унапредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите во Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ и Амбасадата на Република Кореја потпишаа Меморандум за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарството
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Кореја во Софија, надлежна и за Република Северна Македонија, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставува основа за унапредување на билатералните односи во областа на безбедноста на храната, ветеринарството и олеснувањето на трговската размена.





