
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува граѓаните и компаниите дека инспекциската служба и архивата на АХВ, Подрачна единица Скопје, од просториите во Македонска телевизија од понеденик, 21.07.2025 година, времено ќе бидат преселени во простоприите на Агенција за храна и ветеринарство
Во Тетово и Дебар одржани работилници за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на мостри
Процедури за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на примероци, вклучително и изготвување на пропратна документација, благосостојба на животните при зашеметување, колење и убивање, методи за зашеметување и убивање и опрема што се користи за зашеметување и убивање се дел од темите на тренинг работилниците кои во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера и завчера се одржа во Тетово и во Дебар.
АХВ воведе мерки за заштита од болеста Чума кај малите преживари и за Косово
АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит во Република Северна Македонија и од Република Косово, на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари