Експертската група за болеста африканска чума кај свињите формирана од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера одржа работен состанок во Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес во Гевгелија ја одржаа еднодневната специјализирана обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи
Работен состанок со Др Лутфи Сунар, Ректор на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје и Сејхан Муртезан Ибраими, Генерален секретар на оваа високобразовна научна установа
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава.
Употребата на енергетски пијалоци меѓу учениците значително е зголемена бидејќи со нивната конзумација тие имаат повеќе енергија и моментално ја подобрува нивната концентрацијата, но на долг рок овие пијалоци можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.
Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 19-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинешното мото „Делувајте сега: вие, јас, заедниците“ Ве повикува вас, мене и нашите заедници да преземеме одговорност, да работиме заедно и да поттикнеме вистински промени.
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ), Фадил Асани, учествуваше на 21 манифестација - Денови на македонскиот мед, која од денес до недела ќе се одржува во центарот на Скопје на улица Македонија. Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение Матица од Скопје.
Учество на првата GF-TADs Регионална конференција на постојани групи на експерти за приоритетни прекугранични болести кај животните во Европскиот регион во Белград