Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува граѓаните дека како надлежна институција за регистрирање и одобрување на ветеринарна дејност, нема издадено одoбрение за вршење на услуга, ниту за регистрирање на ветеринарно друштво ТОТАЛ ЕКСПРЕС ВЕТ СКОПЈЕ, кое од профилот TOTAL Express на социјалната мрежа Фејсбук, промовира таканаречена ветеринарна итна помош
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов денес во Царинската управа оствари билатерална средба со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со кој разговараа за успешно спроведените обуки на царинските службеници од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува граѓаните и компаниите дека инспекциската служба и архивата на АХВ, Подрачна единица Скопје, од просториите во Македонска телевизија од понеденик, 21.07.2025 година, времено ќе бидат преселени во простоприите на Агенција за храна и ветеринарство
Како дел од многубројните настани кои се организираат со цел одбележување на Светскот ден против беснило- 28 септември, на глобално ниво, Регионалното претставништво на ОИЕ за Европа организира вебинар
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на АЛПРО БИО КОКОСОВ НАПИТОК од 1L, поради утврдено присуство на етилен оксид.
Постапката за формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните согласно Соопштението, се става во мирување до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скоп...