Процедури за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на примероци, вклучително и изготвување на пропратна документација, благосостојба на животните при зашеметување, колење и убивање, методи за зашеметување и убивање и опрема што се користи за зашеметување и убивање се дел од темите на тренинг работилниците кои во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера и завчера се одржа во Тетово и во Дебар.
Oд 25 до 27 јуни 2025 година во Скопје се одржа национална обука и симулациска вежба за биобезбедност и биосигурност, организирана од Министерството за надворешни работи и трговија, Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје
АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит во Република Северна Македонија и од Република Косово, на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од 18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day).
Повеќе од 95 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јули до септември во рамки на спроведените 11 270 инспекциски контро...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, во својство на копретседавач, денес и утре во Сараево, Република Босна и Херцеговина, учествува на првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан.
Граѓаните можат да бидат мирни. Храната што ја јадеме е безбедна. Контролите се континуирани и зајакнати, надзорот се засилува, а бројот на инспекции е зголемен, уверува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.