Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија
Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), од 12 до 13 декември 2022, во Скопје се спроведе експертска мисија, во чии рамки се одржа работилница со цел вклучување на научната заедница и институции во специфичната работа на Кодекс Алиментариус.