Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Улогата на Кодекс и безбедноста на храната на Самитот за системите за храна во 2021 година

05.02.2021
Улогата на Кодекс и безбедноста на храната на Самитот за системите за храна  во 2021 година

Во 2021 година Самит за системите за храна, предводен од генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ќе биде дел од „Декадата за акција“ за постигнување на целите на одржливиот развој до 2030 година.

Говорејќи на сесијата на Извршниот комитет на 14 јануари 2021 година, Џејми Морисон, директор на Програмата за системи за храна во ФАО, истакна дека Самитот има за цел „да генерира подобро разбирање кај јавноста за важноста на изборите што ги прави“ во врска со купување, консумација и отстранување на храната, како и последиците од тие избори.

Тековниот фокус во пресрет на Самитот е насочен кон донесување правилни одлуки што можат да ги трансформираат системите за храна; активности што ќе имаат глобално влијание и ќе бидат одржливи. Дел од дискусиите што се водат се специфично поврзани со безбедноста на храната од аспект на ФАО и СЗО соодветно. 

Доколку земјите членки  можат да ги охрабрат своите институции одговорни за безбедноста на храната да се вклучат во дискусиите што веќе се водат, тие ќе имаат можност да го подигнат профилот на безбедноста на храната во плановите што ќе бидат развиени за спроведување на реформа на системите за храна. Реформи кои се „добри за луѓето и планетата“.

„Самитот за системите за храна претставува единствена можност. Има многу високо ниво на амбиција насочена кон менување на  системите за храна”, истакна Франческо Бранка, директор на СЗО за исхрана и безбедност на храна. Пандемијата на КОВИД-19 ги ​​разоткри ограничувањата и овој Самит нуди можност за донесување  „решенија за промена на играта“, на начин на кој институциите и сите инволвирани ќе се координираат едни со други за да ги идентификуваат решенијата.

„Улогата на СЗО ќе биде, се разбира, да ги потенцира здравствените проблеми“, од нездравата исхрана, товарот од болести кои се пренесуваат преку храната или здравјето на работниците во прехранбената индустрија, како и сигурноста на храната, што сè уште погодува над 800 милиони луѓе, објасни Бранка. Исто така, ќе го испитаме влијанието на системите за храна врз животната средина „преку прекумерна употреба, над стандардите на Кодекс, на пестициди,  како и употреба на антибиотици што во одреден контекст може да доведат до [антимикробна] резистенција“.

Фокусот е на сè она што може да ги поттикне потрошувачите да прават информирани, здрави, безбедни и одржливи избори, како и на решенијата за подобрување на достапноста и пристапот до здрава, безбедна и одржлива храна.

Повеќе информации: