Бабовски во Делчево: Се преземаат мерки за спречување на ширење на Африканска свинска чума
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес имаше работна посета на Општина Делчево при што заедно со градоначалникот Горан Трајковски направија увид и контрола врз досега преземените мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканска свинска чума и ги дефинираа идните активности во кои активно се вклучени Локалната самоуправа и ЈКП „Брегалница“.