Вонредна инспекцискиа контрола во ООУ Димо Хаџи Димов во Скопје
Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов по утрово добиено известување од училиштето, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.