Извештај на Европската комисија за 2020 година
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува и понатаму со напредокот на патот за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. За остварениот напредок и во текот на 2020 година Агенцијата доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија. Напредокот е забележан во бројни области во надлежност на Агенцијата. Како што е истакнато и во самиот Извештај на Европската комисија за 2020 година, објавен на 6ти октомври 2020, земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а посебно се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето висок степен на здравствената заштита на животните, согласно високите ЕУ стандарди и барања, што преставува и една од стратешките цели на Агенцијата.