Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Атанасов за МИА: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти

17.03.2020
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.

АХВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат

13.03.2020
Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите на АХВ.

Нема научни докази дека храната е извор или преносител на корона вирусот

11.03.2020
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот. Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.

Трипуновски да престане да ги манипулира граѓаните и со Корона вирусот

10.03.2020
Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста.

За три години, двојно зголемена довербата на граѓаните

10.03.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство како еден од приоритетите во нејзиното работење има поставено исполнување на барањата на граѓаните и заштита на нивните интереси. Градењето на довербата на граѓаните во Агенцијата за храна и ветеринарство беше основно мото при дефинирање и спроведување на активностите на вработените и директорот на Агенцијата во изминатите 4 години.

Да не се купува неодобрена храна за спортисти преку социјалните мрежи

07.03.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) ги интензивира активностите за заштита на правата на потрошувачите при електронска, односно таканаречена on line продажба на прехранбени производи, како и на производите од групата додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите. 

АХВ и Црвениот Крст ја официјализираа соработката

06.03.2020
Взаемна комуникација при управување со кризни состојби и делување во итни случаи, размена на податоци, извештаи, резултати  и други информации  кои се од корист при појава на природни катастрофи, а се во насока на спроведување на заеднички активности со цел обезбедување на заштита и благосостојба на животните, обезбедување и дистрибуција на безбедна храна за луѓето и животните, хигиенски исправна вода за пиење  како и обезбедување и управување  со транспорт и привремени прифатилишта за животни, договорија со денешното потпишување на меморандум за соработка

Нема небезбедна вода на македонскиот пазар

06.03.2020
Aгенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира и осудува обидите на интернет портaлот dokazmakedonija.mk, кој паушално, неаргументирано во јавноста шири лаги дека на македонскиот пазар се продава небезбедна пакувана вода и ги повикува граѓаните да не ја купуваат и користат.

Поради безидејност, Трипуновски продолжува да сее невистини за безбедноста на храната

03.03.2020
Како одговорна институција за безбедноста на храната и за здравјето и на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство го повикува дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски да престане да ја манипулира јавноста и да сее лаги дека храната во земјава не се испитува и дека е загрозено здравјето на граѓаните.

Граѓаните јадат безбедна храна која редовно се контролира

02.03.2020
Македонските граѓани јадат безбедна храна, од домашно производство и од увоз, а истата редовно се контролира од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна. Дилетантски и неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, изнесени на денешната прес конференција, со која се обиде да внесе страв кај граѓаните дека јадат небезбедна храна, свесно неосновано обвинувајќи  ја Агенцијата за храна и ветеринарство, дека од јуни до ноември минатата година, поради неспроведување на мониторинг на безбедноста на храната, не се вршеле никакви проверки на нејзината безбедност.

Препораки на СЗО за заштита од Корона вирусот

26.02.2020
Како одговорна институција за безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, а со тоа и за заштита на здравјето на граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја.

Позитивно оценет Системот за квалитет во АХВ

24.02.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби позитивна оценка за документираниот Системот за менаџмент на квалитет и неговата функционалност во рамките на сите процеси и услуги кои се реализираат во Агенцијата, од страна на аудиторите од сертификациското тело MQS, регионален парнер на Австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Македонија, по што е продолжен за користење сертификатот за квалитет.

Jавен повик за експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика, за учество во националните платформи

24.02.2020
Во  постапките  на  процена  на  ризик  Агенцијата  може  да  користи  стручна  помош  од експерти  од  областите  на  безбедноста  на  храната,  храната  за  животни  и  ветеринарно  и фитосанитарна  политика.  Во  согласно со член 120 од Законот за безбедност на храна и Одлуката за формирање на Националниот совет,  Агенцијата за храна и ветеринарство  објавува Јавен повик за експерти.

Се зајакнува регионалната соработка против африканската свинска чума

13.02.2020
На покана на Бугарската агенција за безбедност на храната, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес и вчера со претставници на Агенцијата учествуваше на дводневен, регионален состанок во Софија, Република Бугарија на која претставници од ветеринарните власти од регионов дискутираа за состојбата со болеста африканска свинска чума во регионов и за другите особено опасни заразни болести.

Одржана работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи

11.02.2020
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-12  февруари 2020 година во Скопје се одржа Работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи со која претседаваше д-р Оливер Миланов, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-ѓа Milada Syčová од Словачка  и Г-ѓа Мaria Rosaria MILANA од Италија.

Потврден прв случај на африканска свинска чума во Грција

07.02.2020
По првичниот сомнеж на трети февруари, ветеринарните власти на соседна Грција, на петти овој месец официјално го потврдија првиот случај на заболена свиња од болеста Африканска свинска чума во селско домаќинство со 32 свињи.

Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор

06.02.2020
Светската стручна јавност алармира за се поголем недостиг од животински протеин во наредните триесет години, а ваквата состојба ја наметнува потребата од наоѓање на алтернативни извори за негово обезбедување. Аквакултурата е еден од нив и затоа во годините пред нас, како држава, институција и ветеринарна фела, треба да посветиме се поголемо внимание за нејзин развој.

Презентирани новините во Годишната програма за здравствена заштита на животните

05.02.2020
Kоординација на активностите во спроведувањето на ветеринарни активности од јавен интерес и реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2020 година на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утврдување и анализа на проблемите во секторот за здравствена заштита на животните, разгледување на Правилникот за евиденција на ветеринарно медицински препарати и дискусија на актуелни прашања во ветеринарната дејност, се дел од темите на кои на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес дискутираа претставниците на АХВ и членките на Ветеринарната комора.

Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина

03.02.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на претседателот на Пчеларски сојуз на Македонија, Менде Трајковски, кој во изјава за медиумите  неосновано тврди дека македонскиот пазар е преплавен со фалсификуван неквалитетен мед по потекло од Кина и дека истиот се продава во маркетите.