Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, вчера и денес во Прага, Република Чешка, учествува на 85 состанок на Советодавниот форум на Европската Агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Во фокусот, на Форумот, акцент беше ставен на состојбата со болеста африканска чума кај свињите која е присутна во повеќе европски земји и во регионот, а со која напори за справување вложува и нашава земја.
На Форумот се разговараше и за можноста за унапредување на методологиите за проценка на ризикот од животната средина, преку формирање на таканаречено Партнерство на ЕУ за проценка на ризикот од животната средина, а членките го дефинираа и новиот оперативен план за работа на контакт точките на ЕФСА до 2027 година.