Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката “Едно здравје”

21.05.2021
efsa

Европската Агенција за безбедност на храна го објави едиторијалот на тема „Експертизата на ЕФСА ја подржува политиката на пристапот „Едно здравје“. Во едиторијалот ЕФСА ја нагласува за соработка помеѓу различните научни дисциплини. Исто така, се става акцент на потребата во пристапот „Едно здравје“ да се земат во предвид глобалните предизвици како што се климатските промени, губењето на биолошката разновидност и КОВИД-19 пандемијата. 

Во текот на 21 век, се појавија многу глобални закани по здравјето поврзани со зоонотски и заразни болести (на пример САРС, КОВИД ‐ 19, Зика вирус, Авијарна инфлуенца итн), климатски промени и одржливост на животната средина. Овие закани по здравјето се комплексни и не можат соодветно да се решат од страна на било која индивидуална дисциплина што дејствува самостојно. 

Потребна е сеопфатна стратегија и трансдисциплинарна соработка што ќе ги опфати сите аспекти по однос на здравјето на луѓето, животните и животната средина, односно пристап на “Едно здравје” (One Health approach). Според Светската здравствена организација, Едно здравје е пристап насочен кон дизајнирање и спроведување на програми, политики, законодавство и истражувања во кој повеќе сектори комуницираат и работат заедно во насока на постигнување подобри резултати по однос на јавното здравје (СЗО, 2017). 

Алијансата ЕкоХелт го дефинира “Едно здравје” како интередисциплинарен пристап за зајакнување на системите на глобално и локално ниво со препознавање на заедничкото здравје на луѓето, животните и животната средина (ЕкоХелт Алијанса, 2020). 

И покрај тоа што не постои универзално прифатена или вообичаено примената дефиниција, актуелните дефиниции го делат принципот на трансдисциплинарна соработка на различни нивоа и низ различни сектори (вклучително здравје на луѓето, животните, растенијата и сè повеќе, здравјето на животната средина).

Потребата од пристапот “Едно здравје” (One Health) е препознаена од различни европски и меѓународни организации, како што се стратегијата Sustainable Development Goals (SDGs) усвоена од Организацијата на Обединети нации, ФАО, СЗО, Зелениот договор (Green deal) на Европската Комисија, итн.

Во текот на последните децении, концептот “Едно здравје“ се прошири од медицинските и ветеринарните науки, на рапидно растечкиот спектар на синергетски дисциплини, вклучително безбедност на храна, јавно здравје, здравствена економија, заштитата на екосистемот, социјалните науки и здравствената заштита на животните.

Пристапот “Едно здравје” претставува основа за долгогодишна соработка помеѓу ЕФСА и повеќе aгенции на Европската унија, како што се Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за лекови (EMA), Европската агенција за хемиски средства (ECHA), итн.

Целиот едиторијал може да го преземете на следниот линк: 

https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2021.e190501

 

Ознаки
Категорија