Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комона на Северна македонија Томислав Николовски, денес, во рамки на 27 Годишно собрание на Комората  ја потпишаа Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.
На барање на Општина Тетово, а во насока на трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња во оваа општина, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами и претставници на општинскиот Совет.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со реализација на вториот циклус обуки за обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките за превенирање...
Политикантски и тенденциозни обвинувања дека во прашање е доведено спроведувањето на инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство поради нерегистрирани возила.
Ситуацијата со африканската свинска чума во последниве три месеци е стабилна, изјави за ТВ Ал Џезеира, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски...
Производството на храна базирана на клетки, исто така познато како клеточно земјоделство, вклучува култивирање на клетки изолирани од животни проследено со преработка заради производство на прехранбени производи кои се споредливи со соодветните животински верзии, како што се месо, живина, производи од аквакултура, јајца, итн.
Јакнење на националните капацитети во областа на проценка на ризик за безбедноста на храната и подобрување на алатките за репортирање на националните податоци од спроведувањето на мониторинг програмите, во насока на поддршка на земјите во процесот на усогласување на националните, со системот на Европската унија, со цел обезбедување унифицирани, квалитативни и квантитативни податоци.
Благосостојбата на животни претставува интегрален дел од стратегијата “Од Фарма до Вилушка” (F2F) на Европската унија која има цел земјоделските пракси во Европа да ги направи поодржливи.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес одржа работен состанок со претставници на здружението за заштита на животните Анима мунди.
На 20 и 21 февруари оваа година се одржа втората работилница за  анализа на ризик предводена од експертот Лука Бусани.