Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на национални координари проследи информација за отпочнување на јавна консултација во однос на нацрт протокол за научно мислење за слободни шеќери од сите диететски извори.
Овој нацрт-протокол ја опишува методологијата што ќе ја применува панелот на EFSA за исхрана, диететски производи и алергии (NDA Panel) со цел да одговори на барањето за дефинирање на научна пресечна вредност за дневна изложеност на слободни шеќери од сите извори на исхрана што не е поврзано со несакани влијаниа по здравјето.
Мандатот за подготовка на Протоколот беше доделен на националните служби за храна од пет европски земји (Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска), а се очекува да биде финализиран до февруари 2020 година со објавување на научното мислење на EFSA за слободни шеќери од сите извори на исхрана.
Методологијата која ќе се користи при проценката ќе биде предмет на дискусија на технички состанок кој ќе се одржи на 13 февруари 2018 година во Брисел.
Сите заинтересирани страни се поканети своите коментари за предложениот протокол да ги достават до националниот координатор на EFSA за Република Северна Македонија најдоцна до 4 март 2018 година на следната е-маил адреса: focalpoint@fva.gov.mk
Детални информации и нацрт текстот на протоколот се достапни на следниот линк: Public consultation on the draft protocol for the Scientific Opinion on free sugars from all dietary sources.