Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците во земјава. Од декември досега, официјалните инспектори ги исконтролираа условите за производство, чување и трговија со месо и производи и подготовки од месо во 398 месарници.
Со контролите констатирани се недоследности кои се однесуваат на нехигиена во објектите, неспроведени мерки за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на месото, непоседување на комерцијален документ за пратка месо.
Директорот на Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес оствари работен состанок со Александра Хамонд Симан, експерт за благосостојба на животните од регионалната канцеларија на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија во Хрватска. На состанокот беа објаснети основите на обуката за социјализација на кучињата за која се одржува неделава, а прецизирани беа и деталите за продолжување на соработката на Агенцијата со ова здружение.
Во полн ек се активностите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Оваа и идната година акцент ќе се стави на зајакнување на биосигурносните мерки на фармите, а од 2020 година, како што информираше денес директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на дводневната работилница за унапредување на системот за идентификација и регистрација на свињите која се одржува поддршка од инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX.
“Подигнување на јавната свест на одгледувачите на свињи за важноста од комплетна функционалност на системот за идентификација и регистрација на свињи преку почитување на законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја се основа за негово и унапредување на оваа сточарска гранка, како база за креирање на идни политики кои Република Северна Македонија ќе ја позиционираат од земја увозник, на земја извозник на свежо месо на европскиот и светскиот пазар. Исклучително важно е во овој систем да бидат интегрирани сите одгледувачи на овој тип животни, односно дури и оние кои одгледуваат само едно животно, за да може да се воспостави поголема контрола на болестите.
Корисниците на услуги на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во изминатите две години ја оценија работата на Агенција со оценки меѓу 4 и 5, покажуваат податоците од анализите за мерење на задоволството на корисниците на услуги, кои се спроведуваат во рамки на вреднување на перформансите на Системот за менаџмент со квалитет на АХВ, со цел да се утврди дали институцијата ги исполнила барањата на корисниците.

Врз основа на имплементираниот стандард ISO 9001:2015, ...

Од 17 до 20 декември 2018 година, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија го спроведува вториот циклус обуки за дисеминација на знаењето и вештините стекнати за време на меѓународни обуки. На обуките ќе се обработат теми кои се однесуваат на хигиена на храна при примарно производство, проценка на ризик, хигиена на храна и флексибилност и информации поврзани со храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија е институција корисник на специјализирани обуки “Подобра обука за побезбедна храна” кои ги организира Европската комисија во областа на безбедност на храната и ветеринарната политика.

Во Македонија се конзумира безбедна храна. Затоа постојат и мониторинг програми, како и посебна програма за безбедност на храната поделена во посебни сегменти и сите анализи покажуваат дека јадеме квалитетна односно безбедна храна, рече директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на промотивниот настан кој во пресрет на 16 Октомври - Светски ден на храната, се одржа денес во Веро Центар во Скопје. На настанот, компании од прехранбениот сектор ги презентираа своите производи пред граѓаните и донираа храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток.
Македонските потрошувачи консумираат безбедна храна. Тоа го потврдува и фактот дека во текот на 2017 година регистрирани се вкупно 9 алиментарни интоксикации. Она на што најчесто се жалат потрошувачите се присуство на мушички, мувла, стакло, метален предмет и незадоволување на хигиенски услови.
Со финансиска поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство, подготви едукативен видео материјал на македонски и албански јазик за препознавање на болестите Син јазик и Чвореста кожа.
Прифатилиште за улични животни во рамките на Општина Аеродром, едукативни и информативни кампањи, субвенции за вдомување миленик и мрежа на „старатели“ на бездомните животни се само дел од предложените мерки на вчерашната средба со граѓанските здруженија и активисти за заштита на правата на животните.