
Интензивирање и унапредување на соработката во делот на безбедноста на храната, храната за животни и здравствената заштита на животните, договори на денешниот работен состанок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов со претставници на Агенција за храна и ветеринарство на Република Косово. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во регионот, а разменети беа и искуства во насока на олеснување и интензивирање на увозот и извозот меѓу двете земји.
Во насока на официјализирање на соработката на македонските и косовските институции од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните и фитосанитарната политика, како што беше истакнато на состанокот, наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Косово.