Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Oвозможување на поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувач

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, денес во Гостивар, спроведоа вонреден инспекциски надзор во пицерија ресторан, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна.
Комплетирање на дигитализацијата на услугите кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кон граѓаните и бизнис заедницата со цел унапредување на економијата на земјава, водејќи грижа за безбедноста на податоците со максимално искористување на современата технологија,  дефинирање кои услуги може полесно и побрзо да се дигитализираат со цел да бидат побрзо достапни до корисниците. Ова се дел од темите за кои на вчерашниот работен состанок дискутираа директорот на Агенција за храна и ветеринарство министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  и Оливер Миланов, директор на АХВ.
Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури.
По добиено  известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.
Интензивирање и унапредување на соработката во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната при увоз во земјава, во насока на заштита на здравјето на потрошувачите и економските и трговските интереси на операторите со храна, договорија вчера на првата официјална средба директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов и првиот човек на Царинска управа, Бобан Николовски.
Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера, 09.07.2024 година, открија и спречија нелегален промет на јагниња, со намера истите да бидат илегално извезени во Република Албанија
Засилени инспекциски контроли најавува директорот на АХВ, Оливер Миланов. Во летниот период зголемен е ризикот од расипливост на храна и труење. АХВ ќе постапува и по спреченото криумчарење на два тона месо од Царинската управa.
По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на 4 лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае
Oфицијално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство