Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Почитувани, ЕФСА бара искусен службеник во делот на соработка (engagement)/надворешни односи или научник со докажано искуство во соработка и/или надворешните односи за да се приклучи на Одделението за соработка и надворешни односи- Engagement and External Relations Unit (ENREL) како Упатен национален експерт- Seconded National Expert.
Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем кои ги изврши Институтот за јавно здравје Скопје, во рамки на вонредниот инспекциски надзор на АХВ на 05.10.2024 година.
Детално дефинирање на чекорите неопходни за справување со непосредниот ризик од болеста чума кај малите преживари (PPR), беше денешната тема на работилницата за стратегии за превенција и контрола на оваа болест
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар.
​Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Струмица.
По извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии
Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат.
Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица...
“Науката и примената на современата научна мисла и обезбедувањето на соодветна регулаторна рамка за научните институции е во фокусот на Агенцијата, во рамки на обврските кои ги имаме како институција и од областа на јавното здравство, а со тоа и во вршењето на основната функција – заштита на здравјето на граѓаните.  Креирањето на политики и нивно имплементирање на терен претставуваат императив и за нашата институција...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше домаќин на 23 состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, која на вчера и денес се одржа во Охрид.