
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Агенцијата за храна и ветеринартво преку посветена и транспарентна работа гради партнерски однос со сите засегнати субјекти. Доказ за успешната соработка на Агенцијата со компаниите и засегнатите субјекти се и меѓународнте успеси. По барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Јули 2017 година, компанијата МЕТРО беше прва компанија која доби право на извоз во земјите на Европската Унија.
Опасноста од африканската свинска чума не е помината
Се зголемува будноста за следење на африканската свинска чума откако вчера се отвори уште едно жариште во Србија, кај Пирот, а пред една недела болеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. Во земјава африканска чума нема, но во сила остануваат веќе донесените мерки и забрани, рече на денешната средба со новинарите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Тој нагласи дека опасноста не е помината и дека ќе трае повеќе години.
Изменетата мерка за набавка на високогенетски грла дава позитивни резултати
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Николче Бабовски од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денес во битолското село Логоварди направија обиколка на објектот каде во карантин се чуваат 159 јуници набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.