Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Jавен повик за експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика, за учество во националните платформи
Во постапките на процена на ризик Агенцијата може да користи стручна помош од експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарно и фитосанитарна политика.
Во согласно со член 120 од Законот за безбедност на храна и Одлуката за формирање на Националниот совет, Агенцијата за храна и ветеринарство објавува Јавен повик за експерти.
Се зајакнува регионалната соработка против африканската свинска чума
На покана на Бугарската агенција за безбедност на храната, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес и вчера со претставници на Агенцијата учествуваше на дводневен, регионален состанок во Софија, Република Бугарија на која претставници од ветеринарните власти од регионов дискутираа за состојбата со болеста африканска свинска чума во регионов и за другите особено опасни заразни болести.
Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор
Светската стручна јавност алармира за се поголем недостиг од животински протеин во наредните триесет години, а ваквата состојба ја наметнува потребата од наоѓање на алтернативни извори за негово обезбедување. Аквакултурата е еден од нив и затоа во годините пред нас, како држава, институција и ветеринарна фела, треба да посветиме се поголемо внимание за нејзин развој.