Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соработка ЕФСА и ИПА земји

16.04.2020
Соработка ЕФСА и ИПА земји

Вкупно 12 агенции на Европската унија вклучително Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) активно придонесуваат за спроведување на програмите за претпристапна помош (ИПА) преку програмата “Подготвителни мерки за учество на ИПА земјите во работата на европските агенции”. Со оваа програма се обезбедува размена на знаење и јакнење на капацитетите во областа на делување на агенциите на Европската унија. Со помош на грантови кои се обезбедуваат од страна на Европската комисија, ЕФСА соработува со ИПА земјите  уште од 2006 година.

Во јануари 2020 година, Европската агенција за безбедност на храна ги објави двата извештаи за соработката со ИПА земјите за периодот кој ги опфаќа 2015 – 2017 година и 2017 – 2019 година во кои е опфатен напредокот на соработката и областите во кои ИПА земјите, меѓу кои и Република Северна Македонија, особено во насока на јакнење на капацитетите во областа на проценката и комуникацијата на ризик, вклученост во платформите за доставување податоци, учество во работата на научните мрежи итн.

Меѓу другото, значителен напредок се забележува во однос на инволвираноста на Република Северна Македонија во областа на собирањето и доставувањето податоци во ЕФСА за зоонози, резидуи од пестициди и контаминенти, резидуи од ветеринарно-медицински препарати и други недозволени супстанции во живи животни и производи од животинско потекло, а воедно се истакнува дека Република Северна Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ која доставува податоци за антимикробна отпорност.

Двата извештаи се достапни на следните линкови:

Ознаки
Категорија