Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

 
Чума кај мали преживари

 

Упатства и процедури

 

ADC-FSS

Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани

04.09.2026

Во периодот од 24 до 27 август 2026 година, до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигнаа повеќе од 130 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици.

Дел од пријавите се однесуваат на свежо угинати птици, но најголем дел се за птици кои се во напредна фаза на распаѓање и не се погодни за лабораториско испитување за присуство на вирусот на Западнонилска треска. Поради тоа, секоја пријава не може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување.

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците

31.08.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста Западно ниласка треска кај живината, со лабораториско тестирање на земените мостри од птици при спроведување на надзорот на авијарна инфлуенца (птичји грип) и за утврдување на присуство на антитела на присуство на овој вирус.

Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

25.08.2026

Инспекциските служби на Агенцијата за  храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји

24.08.2026

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ.

Демант: Секоја јама за нештетно отстранување на угинати/евтаназирани овци и кози веднаш се затрупува и дезинфицира

20.08.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) категорично ја демантира изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци “Модерен овчар”, Насер Џемаили, дадена вчера во село Соколарци во општина Чешиново - Облешево, во која истакнува дека од наводно отворена јама за нештетно отстранување на трупови од еутаназирани овци и кози, кучиња разнесувале трупови од угинати и еутаназирани животни.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA