Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на денешната еко акција во која државната администрација заедно со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“ го чистеше главниот град Скопје. Вработените од Агенцијата со неколку други државни институции ја чистеше околината на месноста Јурија во скопскта општина Ѓорче Петров.
Во октомври уништени над 57 тони небезбедна храна
Повеќе од 57 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) и операторите со храна во октомври годинава. Во рамки на вкупно извршените 5.456 инспекциски надзори (3.766 редовни, 493 вонредни и 1.197 вонредни), за констатираните недоследности изречени биле 871 инспекциски мерки, односно, донесени се 586 решенија, изречени 261 мерка едукација, како и 5 парични казни. Од страна на инспекциските служби на АХВ во октомври изречени биле и 5 прекршочни пријави.
Средношколците со голем интерес за правилната исхрана
Да водам сметка за тоа како се хранам, значи да се грижам на сопственото здравје, за самиот себе. За жал, не го правиме тоа, иако информациите се достапни за нас. Во ерата на интернетот, делумни се познавањата на нас младите за храна и исхраната, за тоа како здраво и правилно да се храниме, како на најдобар начин да ги задоволиме дневните потреби од храна. Во ова брзо време на живеење, ваквиот тип на едукација и за нас младите е повеќе од потребна” Ова се дел од размислувањата на учениците од неколку средни училишта кои присуствуваа на промоцијата на брошурите за правилна исхрана, труењата со храна и за тоа како да ја читаме и користиме нутритивната табела на етикетите на прехранбените производи, која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Почна кампањата на АХВ за одговорно сопствеништво
Секој одговорен сопственик треба да ги микрочипира домашните миленици, а нивното напуштање е казниво со закон. Ова се двете пораки кои од денеска по скопските улици ќе ги пренесува автобусот број „2“ како дел од кампањата за благосостојба на животните што ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Автобусот што сообраќа на реалацијата Автокоманда - Сарај е веќе облепен со паролите и така ќе вози низ градот еден месец.
ФАО со позитивна оценка за функционалноста на Планот за итни мерки за африканската свинска чума
Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста Африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, по завршувањето на дводневната симулациска вежба која се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно, при евентуална појава на болеста.