Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Директор

Зоран Атанасов - Директор АХВ

Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Зоран Атанасов, доктор по ветеринарна медицина, е новоименуван директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Роден e на 01.09.1966 година. Факултет за ветеринарна медицина завршил Загреб, Република Хрватска. 

Својата успешна кариера почна да ја гради во Армијата на Република Северна Македонија и во Министерството за одбрана, каде што работи од 1994 до 2005, а од 2009 до 2013 година,  Атанасов ангажиран е како Советник во Советот на Општина Аеродром.

Потоа е ангажиран во Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од 2011 работи во Агенцијата за храна и ветеринарство како официјален ветеринар.

Атанасов е еден од креаторите и изработувачите на Националниот концепт за логистичка поддршка на АРМ, на Доктрината за логистичка поддршка на АРМ и на Националниот концепт за поддршка од земја домаќин (НАТО партнерска цел). Во Министерството за одбрана работел во секторот за логистика каде што има изработено упатства и прирачници за потребите на ветеринарното обезбедување при Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана.

Атанасов посетувал бројни обуки и курсеви од областа на безбедноста и одбраната, меѓу кои позначајни се: Лидери на 21 век на Центарот Џорџ Маршал (“Lеаders for  21-st century“  -  George C Marshal Center, Garmish Partenchirchen, Germany), Управување со ресурси, планирање и имплементација на финансиски и материјални ресурси на Кралска школа за бизнис (“Resource management Planning and implementation of finance and material resources“ -  Queen’s school of business, Ottawa, Canada). Во Министерството за одбрана работел во секторот за логистика каде што има изработено упатства и прирачници за потребите на ветеринарното обезбедување при Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана. 

Од областа на безбедност на храната има завршено повеќе обуки и работилници меѓу кои: Безбедност на храната, Министерство за земјоделство на САД, во рамки на програмата Кокран на Универзитетот на Северна Дакота (Food Safety / HACCP UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE Cochran Fellowship Program North Dakota University  Fargo, U.S.A); Официјална контрола на храната од животинско потекло, микробиолошки критериуми и примероци – Агри-Консалтинг Европа С.А. (Official control of animal origin food, microbiological criteria and sampling - Agri-consulting Europe S.A); Следливост на движењето и официјална контрола на храната од животинско потекло на граничните контроли – (Traces and Official control of animal origin food on Border control point - BTSF, Trade Control and Expert System, TAIEX); Миграција на кучиња и мачки (Movement of dogs and cats, BTSF); Значењето на следливоста  во извозот на живи животни  и производите од животинско потекло, (Traces use at Import of live animals and products of animal origin), BTSF Обука за ветеринарство и безбедност на храна на граничните пристаништа и во граничните инспекциски места , (Training on Veterinary and Food Safety control checks at seaport border inspection posts, BTSF).

Пред именувањето за прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, како професионалец во областа на ветеринарството, Зоран Атанасов работи како советник во кабинетот на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.