Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Соопштение

АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH

24.02.2026

Во периодот 02.2 – 04.2.2026 година Агенцијата за храна и ветеринарство продолжи со спроведување на проектот „Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса“ со активноста менаџмент на диви свињи со перспектива на „Едно здравје“. Од страна на носителот на проектот Експериментален зоопрофилактички институт на Умбрија и Марке „Того Росати“ и проектните партнери, потпомогнати од страна на Светската организац

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

21.02.2026

Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори вооппшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

20.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот.

Работен состанок на директорот на АХВ, д-р Оливер Миланов со претставници на ФВЕ и МВК

18.02.2026

Денес во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов одржа работен состанок со претседателот на Федерација на ветринари на Европа (FVE), д-р Зигфрид Модер и секретарот на ФВЕ, д-р Пјотр Квиечински и извршниот директор на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, д-р Томислав Николовски и претседателот на Ветеринарната комора на Република Македонија, д-р Жарко Михајлоски.<

Одржан состанок во просториите на АХВ, на експертската група заради утврдување и справување со епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози и чума кај мали преживари

18.02.2026

Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство беше одржан состанок на експертската група заради утврдување и справување со епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози и чума кај мали преживари на територијата на Република Северна Македонија и спроведување на мерки за сузбивање и искоренување на болестите.

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

11.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.

Демант на Прилог на КАНАЛ 5 ТВ - Појавата на болеста овчи сипаници во Лопате засега успешно е сузбиена и се држи под контрола

11.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WA

Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња

10.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено  е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

29.01.2026

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Гард Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки.  На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.

Итно се повлекува серија на АПТАМИЛ од македонскиот пазар

28.01.2026

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар.

Минатата година инспекциските служби на АХВ спроведоа над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра

25.01.2026
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Изречени казни во вредност од 40.000 евра на маркети и хипермаркети

18.01.2026
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрече инспекциската служба на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Под лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарниците

30.12.2025
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна.

Во Гевгелија се одржа обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите

26.12.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес во Гевгелија ја одржаа еднодневната специјализирана обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите.

Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

24.12.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

19.12.2025
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски  надзори  за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи

Одржан работен состанок со претставници на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје

16.12.2025
Работен состанок со Др Лутфи Сунар, Ректор на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје и Сејхан Муртезан Ибраими, Генерален секретар на оваа високобразовна научна установа