Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 18 до 24 ноември и оваа година како и во минатото се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day).
РЦСОО „Моша Пијаде “ Тетово вчера беше домаќин на работилница за подигнување на свеста кај средношколците за консумација на енергетски пијалоци, забраната за употреба до 18 годишна возраст, неконтролирана употреба на храна за спортисти, електронска трговија на храна, забрана за употреба, заблуда на потрошувачи.
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години
По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни - RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.