Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов по утрово добиено известување од училиштето, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.
Препораки за безбедност на храната, водата за пиење и заштитта на животните во регионите каде има поплавувања
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните
АХВ започна со спроведување на серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за одредени болести кај животните
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје започна серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите, при што во рамките на обуките посебен акцент ќе биде ставен и на класичната чума кај свињите, беснилото и авијарната инфлуенца



