Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Собирање на ситни политички поени преку злоупотреба на народот и непотребно кревање на паника е денешната прес - конференција на Цветан Трипуновски од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, партија која и овој пат, во недостиг на идеи како да го ,,анимира,, народот, ја манипулира јавноста, непотребно се обидува да влее страв преку лиферување на лажни информации.
Сточарите бараат забрана за одгледување свињи на фармите каде не се воведени биосигурносни мерки
Да се најде законско решение за воведување на забрана за чување на свињи на одгледувалишта кои немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.
Безбедносните мерки против африканската чума дигнати на највисоко ниво
Иако мерките против африканска свинска чума се на највисоко ниво, не е исклучена можноста од појава на болеста во земјава, заклучија ветеринарите на денешниот координативен состанок. Државата, како што оценија, е максимално подготвена да се справи со ризиците зашто во континуитет постапува согласно меѓународните стандарди и практики.
Препораки за заштита од високи температури
Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.